Како што има проблеми речиси во сите спортски клубови во Штип, така има и во БК Балканец. И во Балканец проблем се -резултатите. Тие предизвикуваат и „потреси“ и кај раководството и кај борачите. И едните и другите се обвинуваат меѓусебе. Но, има и нетрпеливост и меѓу самите борачи. Сега на „мода“ се лагите кои се форсираат од одредени кругови, само да дојдат до целта, а за клубот никој не го гајле. Зависта и љубомората се во преден план.
Точно е дека на БАЛКАНЕЦ му е исклучена струјата во салата. Но, самите борачи за тоа се виновни, бидејќи јавно кажаа дека ќе тренираат само фудбал, додека не се смени раководството. Тогаш, зошто им треба струја? Претседателот на клубот заради здравствени причини си даде оставка. Во меѓувреме, раководството назначи в.д претседател. Тој обезбеди опрема за борачите, хранарина ..Но и тоа не ја смири ситуацијата.. Раководството не може да биде виновно што нема дисциплина во екипата, што борачите се нередевни на тренинзите.. Некои борачи го „издадоа“ клубот кога не настапија на некои државни првенства. Раководството не може да сноси одговорност за настапите и составот на репрезентацијата,. Се разбира, на овој план мора да се даде одговор од надлежно место- кој го избриша од репрезентацијата Дејан Богданов? Претпоставките треба да се остават на страна. Одговорот треба да го даде ФБСМ, никој друг.
Останува отворено прашањето- кој брзаше Вонредниото собраниие на БФМ да се одржи пред СП? Вонредното собрание на ФБСМ ни малку не ги промени состојбите. Тие што намислија да заминат како туристи во Лас Вегас- заминаа. Никој не остана дома. Иницијаторите за Вонредното собраниие, пак, сега други обвинуваат. Зошто? Не им се исполни сонот. Не влегоа во УО. Сега вината ја бараат на друго место..
Да се вратиме на Балканец. Навистина, во последно време резултатите не се на потребното ниво. Лирија е пред Балканец, а каде се другите клубови? Далеку заостануваат зад Лирија и Балканец! Но, за тоа не треба да се обвинува само раководствотн на Балканец, бидејќи тоа обезбедува барем некакви услови за работа. Колку пари, толку музика! Каде е стручниот штаб, каде се борачите? Дали тие треба да се амнестираат? Тие немаат резултати, а бараат хранарини, привилегии, награди. За жал, се прави обид целиот случај да се прошири и преку локалната самоуправа, па се фабрикуваат информации во стилот: „Нека тие заминат, јас ќе дадам повеќе пари за вас…“!? Од проблемите во Балканец сакаат да ќарат само поединци, душегрижниците- само да дојдат до целта. Другите ќе бидат заборавени, борачите, како што се случи и со Вонредното собрание на ФБСМ. Само функциите на тие луѓе се во преден план, не работата.И досега тие биле на функции. Нека анализираат што направиле за борењето, освен личните и семејните интереси!?.Цела среќа е што за претседател на ФБСМ дојде еден афирмиран и ценет бизнисмен, Ванчо Чифлиганец. Треба да му се остави време во една мирна атмосфера да ја одреди стратегијата на борењето во Македонија. Тоа ќе го прави и со средства од сопствениот џеб, бидејќи го сака борењето.
Во овој период има многу измислици, лаги, наводни тепачки, па наводно и лошо финансирање. Лагите ги измислуваат лицата кои се надвор од клубот и ги поттикнуваат другите. Сите овие проблеми можат да се надминат во една мирна атмосфера, и тоа во клубот, во интерес на борењето. Јавно и транспарентно. Пред се, мора во Балканец да се размислува за иднината на борењето, за најмладите борачи. Да се донесе Правилник за наградување на државните првенства, за освоени први места, за меѓународни турнири од календарот на ОСБ (UWW) до бронзени медали. За репрезентативците наградите треба да ги обезбедува државата, како и досега, со што ќе се стимулираат, не Балканец. Треба да се направи отчет, не само за парите кои се трошат, тие не се кој знае колку, туку и за резултатите. Има борачи кои бараат пари само за рекреација, а одбиваат да настапат на првенствата, па истите создаваат и проблеми. И уште многу други прашања треба да се отворат. Во секој случај, разумот треба да победи. Со сила ништо не се постигнува, но и со лаги и измислици. Меѓусебната доверба во клубот треба да биде на повисоко ниво. Од страна никој не може да ги реши проблемите.
Кај нас, очигледно, луѓето повеќе се молат за туѓата несреќа, отколку за својата среќа!
ipon.mk/К.Манев