ЕКСКЛУЗИВНО: Федор го одби УФЦ и оди во новиот Прајд!

T

За време на преносот од Белатор Дајнамајт настанот беше објавено каде ќе продолжи боречката кариера Федор Емилијаненко.

„Последниот император“ се враќа во Јапонија, каде што ќе се бори за нова промоција на поранешниот лидер на Прајд, Нобојуки Сакакибара.

Федор камбекот ќе го направи на новогодишната приредба против уште неименуван противник.

„Решив да се вратам. На Старата година ноќ ќе имаме голем настан во Јапонија. Да почнеме ново поглавје на ММА“, изјави Сакакибара.

„Јас сум борец. Јас сум подготвен. Ќе се видиме во старата спрема новата година“, изјави Емилијаненко во кафезот на Белатор.

Федор последен пат во Јапонија се бореше на новогодишната ноќ 2011 година, кога го нокаутираше Сатоши Ишии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО