Каратистите на Шампион од Крива Паланка на Државното првенство за деца освоија 4 медали – 1 златен, 2 сребрени и 1 бронзен. Вукашин Јовановиќ по трет пат стана државен првак во кумите -45 кг за деца до 13 години.
Покрај Вукашин Јовановиќ медали на првенството во Кавадарци освоија Адријан Симоновски и Леа Стојковска – сребрени и Теа Михаиловска бронзен.
Клубот од Крива Паланка со овие каратисти обезбеди места во репрезентацијата на Македонија за Балканското првенство.