Тајрон Вудли е подготвен да се бори против Колби Ковингтон, но не сака тоа да се случи во август.
Пред неколку дена, Ковингтон рече дека Вудли ја одбил борбата која УФЦ сакал да ја среди за крајот на август. Тајрон тврди дека Ковингтон избрал датум што му одговара само нај него, без да го има предвид поранешниот неоспорен шампион.
„Избраниот“ е подготвен конечно да го реши спорот со Ковингтон во кафезот, но не во август, туку во септември или октомври.
„Јас секогаш ќе кажам „да“ на борба со Колби Ковингтон. Ќе го прифатам дури и ако имам 96 години и сум во дом за стари лица. Тој шест 6 пати ми откажуваше борби, а сега одбра дата што му одговара. Да сме на чисто. Му реков на УФЦ да не ме мачи сè додека оваа кучка не потпише договор.
Не очекував дека навистина ќе потпише. Во септември или октомври ќе ја смачкам таа лебарка. Некасе обрати на УФЦ и ќе видиме што ќе се случи. Ковингтон откажува борби со мене последниве години. Имам среќа што сè уште не сум го откачил“, вели Вудли.
Вудли има 38 години и во серија од 2 последователни порази. Кон крајот на мај Тајрон загуби од Гилберт Барнс, кој го разби и го доби со судиска одлука.
https://www.instagram.com/p/CABiYpLpIJp/?utm_source=ig_embed