Вториот дел од сезоната на УФЦ беше уште повозбудлив и поатрактивен (ВИДЕО)

Вториот дел од минатогодишната сезона на УФЦ понуди уште поголема возбуда. Алекс Переира го победи Израел Адесања и го освои појасот во средна категорија, а успешен беше и Леон Едвардс кој на спектакуларен начин го симна Камару Усман од тронот.

Нигериецот ја загуби титулата во полусредна категорија и првото место на рангирањето на УФЦ ‘П4П’.

Дагестанецот Ислам Махачев со одличен настап го принуди Чарлс Оливеира да се предаде во втората рунда во мечот за титулата во лесна категорија на УФЦ.

Привлечен беше и настапот на Хамзат Чимаев, кој без проблем се справи со Кевин Холанд, а легендарниот Нејт Дијаз ја имаше последната борба за најголемата светска ММА организација и на крајот го принуди Тони Фергусон да се предаде.

Во видеото погледнете го возбудливиот и атрактивен втор дел од минатогодишната сезона на УФЦ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON