ВСОФ му одзема титулата на Палхарес и го суспендираше на неопределено време

palhares01

Имаше тепачка меѓу штабовите на Дијаз и Хабиб Нурмагомедов во публиката, а во кафезот Русимар Палхарес направи неспортски потег против Џејк Шилдс.

 За време на мечот за титулата, Палхарес кој од многумина е обележан како валкан борец, му брцна неколку пати во очите на Шилдс. На крајот на средбата Палхарес го принуди Шилдс да се предаде преку кимура. Шилдс веднаш даде знак со рацеете, односно тапкаше по подот, но Палхарес продолжи да стиска со клуч, дури и судијата не успеа да го прекине веднаш.

 Претседателот на ВСОФ/WSOF, Реј Сефо, најави дека од денес организацијата му ја одзема титулата и моментално го отстранува од борбите на неопредлено време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON