Македонската репрезентација во борење ги завршува подготовките во Софија, Бугарија, и денска патува за Русе каде што ќе се одржи силниот Меѓународен турнир „Дан Колов“.
Тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези вели дека подоготовките добро поминале, но дека се краткотрајни. Го радува тоа што Бобан Савев е со поопуштен.
За „Дан Колов“ Вренези истакнува дека е многу силна конкуренцијата, бидјеќи ова е последна проверка пред сениорското Европско првенство во Унгарија.
„Нашата цел е репрезентативците да имаат што повеќе борби во овој период, така што не бркаме резултат. Од друга страна, оние што ќе се покажат на овој турнир дефинитивно ќе си го обезбедат местото во репрезентацијата за ЕП“, истакнува тренерот на репрезентацијата.
Во Софија се подготвваа и репрезентациите на Германија, Тунис, Алжир, Романија и други.
Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров настапуваат во сабота, а Бобан Савев, Елмедин Сејфулаху, Риад Реџепи и Рамадан Мустафовски се борат во недела.
https://www.facebook.com/lulzim.vrenezi/videos/pcb.10154347117211524/10154347109306524/?type=3&theater
.
Ipon.mk/В.Д.