Вренези: Очекувам најмалку една олимписка виза на СП!

Reprezentacija vo borenje vo Teteven za Baku

Утре патува првата група на Светското првенство во Лас Вегас, САД, а тоа се селекторот Лулзим Вренези и борачот Тимур Хамикоев, додека на 8 септември патува вториот дел од екипата: Дејан Митров, Јасин Реџелари, Халил Зубаиров и Бобан Данов.

Покрај борбата за повисок пласман и медал, борачите ќе се обидат да се изборат за виза за настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2016 во Рио де Жанеиро, Бразил.

 „Очекувам да обезбедиме најмалку една олимписка виза во Лас Вегас, односно барем еден македонски борач да биде меѓу најдобрите шестмина, а шанси за такво нешто имаат Митров, Реџалари и Зубаиров. Но морам да истакнам дека многу битни ќе бидат и ждрепката и распоредот, односно противниците“, изјави Вренези.

Lulzim vrenezi vo mok

Тој вели дека нашите борачи се подготвени, затоа што повеќе од 100 дена имале напорни тренинзи во Бугарија и во Македонија. Како што напишавме и порано, се уште мали повреди имаат Зубаиров, кој има болки во прстот на десната рака, и Митров, кој имаше истегнат лигамент.

„Мислам ќе бидат подготвени за напорните борби што ги очекуваат“, не уверува Вренези.

Шесте првопалсирани борачи во олимписките категории на СП ќе обезбедат олимписка норма за Рио. Доколку не успеат во тоа во Лас Вегас, македонските борачи следната година ќе имаат уште три поправни испити.

Олимписки стипендисти се тројца борачи: Јасин Реџелари, Дејан Митров и Бобан Данов, кои од Македонскиот олимписки комитет (МОК) добиваат месечно по 800 долари.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON