Возвратната борба меѓу Усик и Џошуа во април идната година

Реваншот меѓу шампионот Александар Усик и Ентони Џошуа најверојатно ќе се одржи во април следната година, објави промоторот Еди Херн.

Украинскиот боксер ќе ги брани титулите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО што ги освои во септември во Лондон.

По тој меч беше јасно дека Ентони ќе бара возвратен удар, бидејќи покрај појасите, барем засега остана и без меч против Тајсон Фјури за апсолутен светски шампион.

Во меѓувреме, Џипси кинг побара од Џошуа да се повлече од борбата против Усик, за да може да се организира меч за обединување на титулите. Ентони одби.

„Џошуа е таков борец кој боксира два меча годишно. Но, се надевам дека во иднина ќе се бори најмалку три пати годишно“, изјави Еди Херн, сопственик на Мечрум и додаде:

„Очекувам за април да ја договориме борбата меѓу Џошуа и Усик, но се уште не го знаеме местото каде ќе се одржи настанот. Имаме многу понуди низ светот, но очекувам повторно да биде некаде во Велика Британија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО