Ворен му даде рок на Џошуа до крајот на неделава да го прифати мечот: Сите мора да сфатат дека тоа е шоу на Фјури

Промоторот на Фјури, Френк Ворен, му даде краени рок на Ентони Џошуа за потпишување договор за борбата против Џипси Кинг.

Шефот на Квинсбери промоцијата изјави дека АЈ мора да се изјасни до крајот на неделата дали ја сака таа борба, затоа што Тајсон Фјури веќе не може да чека.

Џошуа и Фјури треба да се борат на 3 декември на стадионот Принипалити во Кардиф, а двете страни се согласија за условите.

Фјури би имал поголема заработка во овој меч во сооднос 60-40. Исто така, постои клаузула за реванш, а тогаш заработката ќе биде 50-50.

Ворен посочува дека минатата недела договорот е испратен на адреса на Џошуа, но сè уште не добиле одговор. Тој сега го даде крајниот рок до крајот на неделава.

„Секој треба да разбере дека ова е шоу на Тајсон Фјури, тој е број еден тешкаш во светот“, рече Френк Ворен и продолжи:

„Неговата титула е на маса, а Џошуа во моментов е на шестото место на ранг -листата на ВБЦ и тоа е тоа. Тајсон нуди можност да се случи овој меч и не гледам причина зошто таа средба не би се случила“.

Тој истакна и кој ќе биде единствениот виновник ако дојде до мечот.

„Ако од која било причина договорот не успее, тогаш тоа нема да биде од наша страна. Не можам да верувам дека откако изјави дека сака да се бори, сега се откажува од тој меч. Значи, потпишете договор“, рече Френк Ворен, додавајќи:

„Останува малку време, до крајот на неделава тој треба да одлучи дали ја сака таа борба или не. Мораме да продолжиме понатаму. Има одлука за нив. Ние не сме виновни ако тој меч не успее. Не обвинувај нè“.

Последната пречка што треба да се надмине пред финализацијата на работата е да се организираат ТВ правата.

И двајцата промотори ќе се обидат да се договорат за нивните партнери (Дазн и БТ Спорт) да бидат задоволни. Но, преговорите можат да продолжат само кога Џошуа и Фјури ќе потпишат договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON