Вондерлеј Силва се извини, нема да има судење

Vonderlej silva gro plan

ММА ѕвездата Вандерлеј Силва (Бразил) официјално се извини на УФЦ затоа што ја обвини компанијата за местење на натпревари. Бразилскиот ветеран беше отпуштен од организацијата, по овие тешки зборови.

„Не успеав да дознаам што точно значеше изразот местење натпревари и дека всушност тоа значи нелегални активности, чија цел е да се уреди излезот на дуелите пред тие да се одржат. Свесен сум дека угледот на УФЦ ќе биде повреден, ако навивачите навистина поверуваат дека организацијата е вмешана во такво нешто. Јас немам докази за тоа. Се извинувам за секаква конфузија предизвикана од моите изјави. Навистина жалам“, истакна Силва.

По извинувањето стана јасно дека УФЦ ќе ја повлече тужбата за клевета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON