Легендарниот Бразилец, Вондерлеј Силва, се уште не се помири со доживотната суспензија што му е изречена од страна на Атлетската комисија на Невада, поради бегање од не најавен допинг тест пред натпреварот со Каел Сонен.
Силва тргна во војна со Атлетската комисија во Невада (АКН) и е решена својот случај да го реши на суд.
„АКН, како и секоја друга агенција, е „творба“ на државата која се обидува да ги прошири своите овластувања во подрачјата каде што нема право да ги дисциплинира борците. Овде, државата овозможи комисиско издавање и одземање на лиценци на борците, иако тие работат таму каде што не се надлежни, ниту законите им дозволуваат казнување на натпреварувачите кои не се регистрирани во рамките на оваа комисија“.
Тужбата беше поднесена од адвокат на Силва, Рос Гудман.