Дуелот меѓу Каел Сонен и Вондерлеј Силва на Белатор 180 се очекува со огромен интерес, имајќи во предвид дека двајцата ветерани одамна не ја кријат антипатијата која ја имаат еден спрема друг, уште од деновите во УФЦ.
Во текот на летото конечно ќе имаат можност да ги расчистат сметките, а дуелот ќе се одржи на 24 јуни во Њујорк.
Тие си разменија зборови и за време на прес-конференцијата пред Белатор 180. Вондерлеј не присуствуваше, но на крајот зеде учество преку сателитска врска.
„Тој, едноставно, плимпа. Цело време. Приказни, бајки и приказни“, изјави Силва, додавајќи: „Се надевам дека тренираш повеќе отколку што зборуваш. Зашто, ако си како на последниот меч, тогаш ќе те победам брзо“.
Запрашан зошто не присуствуваше на прес-конференција, „Аксе мардер“ возврати:
„Зашто се подготвувам да победам некого на 24 јуни. Фокусиран сум само на тоа да тренирам 100 проценти“.
Откако Каел Сонен не пропушти да се јави, повикувајќи го Вондерлеј да го нарекува „г-дин Сонен“. Бразилецот му возврати со гест кој личи на орален секс, и го повика „да му ги смука мадињата“.
https://youtu.be/F8OAO6ZLapw
.