Вондерлеј Силва бесен на борците во Ризин

vonderlej-silva-vo-kafezot

Организацијата Ризин успеа да ги израдува долгогодишните фанови на ММА, најавувајќи го третиот меч меѓу легендите Мирко Флиповиќ и Вондерлеј Силва. Трилогијата меѓу двајцата титани ќе стане факт на 29 декември, кога повторно ќе се соочат.

За време на прес-конференција по последниот настан на Ризин викендов разочараниот Вондерлеј Силва ги критикуваше некои од сегашните борци во синџирот.

„Некои од вас се бореа добро вчера, но други од вас – од младите борци, ме разочараа. Се чувствував засрамен. Вас ви беше страв да се доближите еден до друг, имаше две или три минути без каква и да е акција. Тоа не е УФЦ. Единственото нешто што може да ве врати во оваа компанија, не е победата, туку доброто претставување. Тука нема место за плашливи борци. Или доаѓате да се борите или си останувате дома. Се надевам дека во декември ќе се претстават подобро. Инаку, повеќе нема да се вратите тука“.

Силва вети епски трет меч со Кро Кап во декември.

„Мирко и јас ќе покажеме како се прави епски дуел. Двајца гладијатори ќе покажат вистинска битка. Нема да видите двајца уплашени борци во рингот“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON