Рускиот ММА борец Александар Волков во следната борба ќе се соочи со Молдавецот Александар Романов, објави новинарот Марсел Дорф на својата страница на социјалните мрежи.
Борбата ќе се одржи во рамките на турнирот УФЦ Вегас 71, кој ќе се одржи на 11 март 2023 година во Лас Вегас. На истиот турнир ќе се бори уште еден Русин – поранешниот шампион во бантам категорија, Петар Јан. Ќе се сретне со Мераб Двалишвили.
Александар Волков последна борба ја водеше на УФЦ Фајт најт 207 минатиот јуни и со ТКО го победи Жаирзињо Розенструик. Русинот има 35 победи и десет порази.
Александар Романов во последната борба загуби со одлука на судиите од Марчин Тибура. Вкупно, молдавскиот борец има 16 победи и еден пораз во ММА.