Тешкашите Александар Волков и Волт Харис ќе се борат на УФЦ 254 на 24 октомври во Абу Даби. Победата е од голема важност за двајцата борци, кои годинава загубија по еден меч во октагонот.
Волков има скор 31-8 во ММА, а на крајот од јуни загуби од Картис Блејдс со одлука на судиите во пет рунди. Така, поранешниот шампион во М-1 има добиено само една од последните три борби во УФЦ. 31-годишниот Русин победи во 5 од неговите 7 борби во најголемата ММА организација.
Од друга страна, Харис има 13-8-1 во ММА и загуби со нокаут од Оверем во средината на мај. Така, ја прекина серијата од три последователни победи со нокаут. Сите победи на Волт се со нокаут.