Хабиб со тренинзи и подготовките за Гејџи се бори против депресијата

Непразениот шампион Хабиб Нурмагомедов вели дека со тренинзите и подготовките за мечот со Џастин Гејџи за титулата во лесна категорија се бори со депресијата пред првиот меч по смртта на неговиот татко и тренер, Абдулманап Нурмагомедов.

Хабиб ќе се соочи со Американецот Гејџи во главната борба на УФЦ 254 во Абу Даби на 24 октомври и во видео објавено на неговиот „Инстаграм“ тој зборува за смртта на својот татко во јули по компликациите по заразувањето со коронавирусот.

https://www.instagram.com/tv/CFjIPJ0KnuY/?utm_source=ig_embed

„Тренирам постојано, бидејќи на некој начин со тоа се штитам од депресијата. Тренирам постојано и тоа ми се допаѓа. Тренирам цел живот за да имам добра енергија, за да бидам здрав. И мојот татко беше таков. Неговите пријатели секогаш зборуваа дека каде и да оди, со него имаше торба – прво да најде место за спиење, а потоа да најде каде да тренира. Додека сум активен спортист, тоа е важно за мене, а за потоа ќе видиме, ќе биде лошо“, вели Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО