Волков: Го победувам Блејдс и излегувам на меч со Нгану

Поранешниот шампион во М-1 и Белатор, Александар Волков има тежок тест пред него. Тој ќе се бори против Кертис Блејдс на 20 јуни во УФЦ институтот во Вегас. „Драго“ доаѓа по победата над Грег Харди, која ја забележа минатата година во Русија и има скор 5-1 во УФЦ. 31-годишниот борец долго време сонува за титула во УФЦ и сега има шанса значително да се доближи до неа.

Лошата вест за него е дека Блејдс е многу добар борец кој сака да ги заврши своите противници во партер. Борбата во партер не е силна страна на Русинот, но верува дека ќе победи, а потоа ќе се соочи со Френсис Нгану.

„Поминавме скоро еден ден на пат и конечно стигнавме до местото. Најтешкиот дел за мене е одвоеноста од семејството, дури и за толку краток период. Но, тоа ми дава дополнителна сила и мотивација за победа. За мене е важно да сфатам каде сум и со кого се борам. Победата е прашање на техника.

Блејдс е еден од најдобрите во УФЦ. Подготвен сум за претстојниот меч и ќе му направам гомлеми проблеми на мојот противник. На подготовките посветив големо внимание на борењето. Тоа не е мојот најсилен квалитет, но имам многу работено со спаринг партнери како него. Очигледно, Блејдс се потпира на неговата борба. Само на тој начин тој ќе може да ме победи, инаку ќе го скршам во стој.

Тековната епидемиолошка состојба во Русија, особено во Москва, е доста комплицирана. Спортските сали, вклучително и нашите, беа затворени два месеци, но дадов се од себе за да останам во форма и да тренирам дома. Во последните две седмици во кои битката беше потврдена, почнавме да правиме спаринзи со целосен контакт.

Се разбира, не успеавме да ги реализираме сите планови, но во целина сум задоволен од сработеното. Штом ќе ја добијам борбата, нашата битка со Френсис Нгану ќе биде неизбежна“, изјави Волков пред битката со Блејдс.

https://www.instagram.com/p/CBSBd6PHp9l/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON