Мек Грегор се пензионира, бидејќи заработува многу повеќе надвор од октагонот

Конор МекГрегор се повлече по трет пат во последните четири години, но ако не се врати овој пат, Ирецот е финансиски осигурен до крајот на животот.

Поголемиот дел од времето го помина во УФЦ, каде стана главна sвезда, но заработи повеќе за само една вечер во 2017 година кога го направи своето деби во боксерскиот ринг против Флојд Мејведер. Ирската sвезда еднаш рече дека заработил скоро 90 милиони евра од таа борба.

Сепак, најисплатливиот потег го направи во 2018 година, кога го пушти Proper No. 12 вискито. Компанијата заработи над 830 милиони евра во својата прва година од работењето, пишува англиски „Сан“.

Вискито стана таков хит во Америка што дури 2,4 милиони шишиња беа продадени во првите шест месеци.

МекГрегор добро заработува пари и од мода. Маици, капи, дуксери и костумите што ги пушта му носат профит од над 60 милиони долари годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО