Александар Волков настојува да добие меч за титулата во тешка категорија на УФЦ, откако го совлада Алистер Оверем.
Русинот победи со нокаут во втората рунда, доминирајќи во текот на целиот меч со тешки удари во нозете и и со рацете. Брутална левица го принуди судијата Џејсон Херцог да го заврши мечот.
https://twitter.com/blue_fighting/status/1358262993000218634?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1358262993000218634%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fvolkov-idvam-za-titlata-video%2F
„Тоа е моето време. Доаѓам по појасот. Работам многу на удари. Исто така и по борбата. Се чувствував пријатно во стенд-ап борба и почувствував дека можам да го завршам мечот во втората или третата рунда. Го видов неговото лице, имаше многу рани. Само чекав момент за добар удар. Тренирам многу напорно и чувствувам дека сум во многу добра форма. Ќе станам уште подобар и се обидувам да направам тешки тренинг кампови“, изјави Волков по борбата.