Александар Волкановски во моментов не е сигурен кој може да биде неговиот следен предизвикувач.
Откако ја отфрли идејата да биде предизвикан од ХенриСехудо во борбата за неговата титула во перолесна категорија на УФЦ, Александар Волкановски откри кого го гледа како свој за следен предизвик. Не можеше да каже точно име, но изнесе интересно мислење.
„Ги има неколку. Можам да кажам дека во моментов четворица борци се во иста ситуација и сите се една победа до позицијата за прв предизвикувач. Сите тие се тука, ама им треба баш таа една победа за сите да го извикуваат своето име. Сега кога јас победив во својата борба, категоријата нека да го направи она што мора и верувам дека ќе имам предизвикувач до крајот на годината “, рече шампионот во интервју за Скај спорт.
Гледајќи во службената ранг листа, не е тешко да се заклучи на кого мисли, но беше запрашан сепак некого да наведе.
„Ако морам да именувам некого што е во преден план, мислам дека тоа се Корејското Зомби и Забит Магомедшарипов. Двајцата можат да се надеваат на таа позиција со победа и јас едвај чекам да се борам против нив“, откри тој.
Не е тешко да се претпостави, односно станува збор за идните противници. Магомедшарипов ќе се бори со Јаир Родригез на 29 август, додека противник на Чан Сунг Јунг или Корејското Зомби треба да биде Брајан Ортега, но нивната борба сè уште не е официјално договорена.