Волкановски: Во моментов сум на друго ниво и не може никој да ме запре (ВИДЕО)

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски испиша историја во УФЦ, откако славеше против Кореецот Чан Сунг Јунг, познат како „Корејско зомби“.

Волкановски успеа да ја одбрани титулата во перолесна категорија по трет пат во неговата карира, откако претходно славеше против Макс Холовеј и Брајан Ортега.

„Ви кажав пред борбата оваа недела, во моментов сум на друго ниво и не може никој да ме запре“, кажа Волкановски по победата и додаде: „Не можам да бидам запрен. Тој всушност доби многу повеќе отколку што јас сакав. Мислев дека можеа да ја прекинат борбата малку порано. Почнав да се чувствувам лошо таму, но тоа е спортот со кој се занимаваме“.

https://www.youtube.com/watch?v=NV2OKH0J07Q

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО