Волкановски верува дека ќе се бори со Ислам Махачев

УФЦ шампионот во перо категорија, австралиско-македонскиот борец Александар Волкановски верува дека по борбата со Макс Холовеј ќе мора да се соочи со Ислам Махачев.

Овој викенд Алекс ќе направи трилогија со Холовеј. Тие ја предводат главната борба на УФЦ 276 која ќе се одржи во Лас Вегас. 33-годишниот Волкановски е во серија од 21 последователна победа и нема пораз речиси 10 години.

На почетокот на април годинава „Александар Велики“ го нокаутира Чан Сунг Јунг и по трет пат ја одбрани титулата. Алекс веќе има 2 победи над Холовеј и верува дека ќе успее да ја добие и третата битка.

Тој долго време сака да биде двоен шампион и смета дека ќе мора да се бори со Махачев.

„Мислам дека Ислам Махачев ќе биде мојот следен противник.

Шансите да стане шампион кога ќе одлучам да влезам во лесна категорија се многу големи“, изјави Волкановски за „Спорскеида“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON