Волкановски со скршена рака го скрши Холовеј (ВИДЕО)

Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски е во фокусот на ММА јавноста откако рано утрово на УФЦ 276 по трет го совлада големиот ривал Макс Холовеј и ја одбрани титулата во перо категорија и влезе во вечноста како еден од ретките со таков подвиг во УФЦ.

По пет рунди Волкановски славеше пред полна сала во Лас Вегас со одлука на судиите, а по борбата изјави дека цел му е да се натпреварува во лесна категорија и да јуриша кон втор појас во кариерата.

По мечот, Волкановски откри во тунелот дека се борел со скршена рака во втората рунда.

„Не е добро. Сигурен сум дека е скршена. Знам кога нешто ми е скршено. Ја скршив во втора рунда“, се насмеал Волкановски кој додаде и дека веќе никој не може да сомнева во него.

После борбата меѓу старите ривали, култниот Џо Роган изјави: „Изгледа како да Волкановски е побрз од кога и да е, и изгледа како Макс да чекор зад него. Дури чекор поназад во однос на претходниот настап“.

Волкановски сега има учинок 12-0 и е непоразен во октагонот а со третиот триумф по ред над Холовеј, со едногласна одлука на судиите, докажа дека е број 1 во оваа категорија.

Во професионалната кариера има 25 победи и само 1 пораз на самиот почеток на борбените предизвици.

Волкановски исто така стана и четврт борец во историјата на УФЦ со дури 12 победи по ред без пораз по легендарните Камару Усман, Хабиб Нурмагомедов и Андерсон Силва. Откако е основано УФЦ, ниту еден борец никогаш три пати не совладал еден ист ривал во битка за титулата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON