Волкановски со порака до Топурија: Ќе ти одржам лекција за понизност!

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски ќе се бори против Илија Топурија во февруари идната година, а неколку месеци претходно почнаа провокациите меѓу борците.

Топурија досега нема пораз, односно славеше на 14 борби и порача дека Волкановски ќе биде негова нова „жртва“, а Австралиецот не му остана должен и испрати порака до него.

„Потребна му е лекција по понизност. Среќен сум што јас ќе бидам првиот кој ќе му ја одржи таа лекција. Топурија е млад и моќен борец со голема самодоверба, но сега ќе добие лекција“, кажа Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON