Шампионот на УФЦ во перолесна категорија (до 65 кг) Александар Волкановски призна дека го смета Хозе Алдо за најголемиот борец во историјата на перолесна категоријата.
Алдо е една од најголемите легенди на оваа дивизија. 7 пати по ред успеа да ја одбрани титулата. Тој и Волкановски се бореа во мај 2019 година. Нивната борба отиде до одлука, која Александар ја доби по 15 минути во октагонот на УФЦ во Рио де Жанеиро, Бразил.
Алдо од денеска е во пензија, а Волкановски доминира во дивизијата. Александар има 4 последователни одбрани на титулата и серија од 22 последователни победи. Се очекува да се бори со Ислам Махачев за титулата во лесна категорија. Волкановски ќе се обиде да направи нешто што не му успеа на Алдо.
Алекс не мисли дека е најголемиот во перо категорија во моментов, но се гледа себеси како таков во иднина.
„Сè уште го сметам Хозе Алдо за најголем во перо категорија на сите времиња, но планирам да го заземам тоа место во иднина. Сакам да направам онолку одбрани колку и тој.
Ако ја погледнете мојата биографија, противниците со кои сум се борел, тогаш многумина ќе се согласат дека го заслужувам тоа.
Имам голема почит кон Алдо. Тој даде огромен придонес во историјата на перо тежината. Неговите возбудливи настапи ги натераа луѓето да ги следат борбите во оваа категорија.
Затоа имам голема почит кон него“, ги пренсува Спорткееда зборовите на Волкановски.
View this post on Instagram