Шампионот на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски (24-1) потврди дека има намера да се искачи во лесна категорија и да стекне двоен шампионски статус.
Истакна и дека би сакал да се бори со Чарлс Оливеира (33-8) бидејќи е некрунисан шампион. Александар е подготвен и за Ислам Махачев, но верува дека со Оливеира е поголемата борба.
„Би сакал да се борам со Чарлс, бидејќи тоа е поголема борба. Да се разбереме, тој е шампион.
Но, ако Махачев го победи Чарлс, кога ќе си ги залечам повредите, тогаш ќе се борам со Ислам. Кој и да е шампион во лесна категорија, јас ќе се борам со него.
Сакам уште еден сјаен појас на моето рамо“, изјави Волкановски за американските медиуми.
Волкановски со едногласна одлука (50-45, 50-45, 50-45) самоуверено го совлада Макс Холовеј (23-7), добивајќи ги сите пет рунди. Борбата се случи викендов на УФЦ 276 во Т-Мобиле арената во Лас Вегас, САД.