Волкановски сака пресметка со Хабиб Нурмагомедов

Александар Велики Волкановски призна дека е подготвен да придодаде некој килограм и да се пресели во лесна категорија во ултимејт фајт само за да добие шанса да се бори со големиот шампион Хабиб Нурмагомедов. Летово Австралиецот со македонско потекло има закажано борба против Американецот Макс Халовеј.

„Не ми се допаѓа кога луѓето по секоја цена сакаат да сменат категорија, но евентуална битка со Хабиб секако е добра опција за мене. Сега прво треба да го одбранам мојот појас, но ако за почетокот на наредната година ми понудат борба со Хабиб, без размислување ќе ја прифатам. Хабиб е еден од најголемите борци, имам само почит кон него, но сакам да се докажам и во лесна категорија.

Само почит  за него пријателе. Јас сум многу, многу тежок за држење во партер. Имам борбено IQ, кардио. Јас сум изрод кој не можеш да задржиш во партер. Тоа е скоро невозможно да го направиш. Почит за сите борци во УФЦ, но секој од нас сака да докаже нешто. Сакам да си докажам и во лесна категорија“,“, изјави Волкановски, кој ќе треба да ја зголеми малку килажата за да може да се бори во лесна категорија.

https://www.instagram.com/p/CBfS1K2A-3S/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON