Волкановски против Холовеј веќе идниот месец, уште две борби за титула

Александар Волкановски и Макс Холовеј би требало да се борат наредниот месец на УФЦ 251.

УФЦ ги започна подготовките за следниот голем настан, што треба да биде УФЦ 251, кој треба да се одржи на 11 јули на „Борбениот остров“. Иако оваа година, на сите од јасни причини, нема да има Меѓународен борбена недела во Лас Вегас, промоцијата на истиот датум ќе организира силна програма во вториот викенд во јули. Се чини дека на неа ќе се најдат три борби за титулата, а првата од нив е пред официјална потврда.

Како што открива Ариел Хелвани, Александар Волкановски прбата своја одбрана на титулата во перолесна категорија ќе ја има против човекот на кого декември минатата година му ја одзеде, Макс Холовеј. Австралискиот Македонец беше побрз, попрецизен и поконкретен во таа борба од досега доминантниот шампион. Сепак, таа доминација, но и популарноста на Холовеј, е причината зошто тој веднаш ќе ја добие можноста да си го врати појасот кој цели три години беше во негова сопстевност.

Тие, всушност, првично требаше да го прдводат вистинскиот УФЦ 251, кој во нормални услови би се случил на 7 јуни во Перт. Но, како што сè се смени, така настанот доби нов датум и место. Борбениот остров на УФЦ треба да работи наскоро, а неофицијалните информации ни откриваат дека се наоѓа во Абу Даби.

Покрај оваа борба, Хелвани открива дека треба да има уште две борби за титулите. Првата е веќе најавената борба за титулата во бантам категоријамеѓу Жозе Алдо и Питер Јај, и се верува дека титулата во велтер категорија таму ќе ја брани Камара Усман. Списокот на неговите потенцијални противници е малку поголем, но се чини дека Гилберт Барнс во моментов е најдобро рангиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON