Александар Волкановски се сретна со Ислам Махачев по нивната борба во Абу Даби.
Двајцата имаа реванш на УФЦ 294 што се одржа минатиот викенд. Ислам го нокаутира Волкановски и ја забележа втората последователна победа над него. Волк не успеа да стане шампион во две категории, но не тагува. Александар веќе размислува за нова битка и сака таа да се случи на почетокот на 2024 година.
Алекс на својот профил на социјалните мрежи покажа фотографија со Махачов и изрази почит кон него.
„Само почит кон Ислам Махачев и неговите луѓе. До следната битка“, напиша Волкановски
Во својата следна борба Волкановски ќе се бори со Илија Топурија.
View this post on Instagram