Израел Адесања (24-2) го победи Алекс Переира (7-2) со нокаут во втората рунда во реваншот на почетокот на април и го врати шампионскиот појас на УФЦ во средна категорија.
Сега нивниот меѓусебен однос во ММА е 1-1, но во кик бокс Переира води со 2-0.
На Изи веројатно не би му пречело трилогија против Алекс, но УФЦ само одмавна.
Бразилецот на тој начин реши да се пресели во повисока дивизија, а кариерата ќе ја продолжи во полутешка категорија.
Интересно сценарио презентираше Александар Волкановски кој смета дека Адесања и Переира би можеле повторно да се сретнат во октагонот доколку бразилскиот борец го освои појасот.
„Верувам дека Изи и Алекс повторно ќе се соочат, но нема да биде веднаш. Во моментов УФЦ не размислува за нивната трилогија, но тоа може да се случи“, рече Александар Волкановски и го откри можниот план на УФЦ:
„Доколку Переира ја освои титулата во полутешка категорија, а Адесања се уште ја држи титулата, тогаш УФЦ би можел да организира меч меѓу двата шампиони. Тој меч би бил огромен. Ако добијат шанса, сигурно ќе ја организираат таа борба“.