Волкановски оптимист: Ќе си го вратам појасот!

Австралискиот борец со македонски корени, Александар Волкановски доживеа втор пораз по ред во УФЦ, и тоа овој пат од Илија Топурија во неделата со тежок нокаут, но и покрај тоа не размислува за пензија.

Многумина сметаат дека Волкановски треба да се повлече откако го загуби појасот во перо-лесна категорија, меѓутоа австралискиот воин сака да си ја врати титулата.

„Ова е неверојатна игра. Не може да победите во сите. Некогаш ќе победите, а некогаш ќе изгубите. Многу пати сум им ја расипал забавата на другите луѓе. Сакам да одморам, а потоа ќе побарам реванш. Ќе си го вратам појасот, запомнете ми ги зборовите“, кажа Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON