Волкановски најави дека ќе се бори со победникот од мечот меѓу Оливеира и Махачев

Бразилецот Чарлс Оливеира и Дагестанецот Ислам Махачев ќе се борат на 22 октомври на настанот на УФЦ во Абу Даби за шампионскиот појас во лесна категорија.

Многумина со ентузијазам ја прифатија веста, а особено интересна беше најавата на шампионот во перо категорија Александар Волкановски.

„Ќе се борам со победникот“, напиша Австралиецот.

Волкановски веќе извесно време размислува за лесна категорија откако ја расчисти дивизијата, а во неодамнешната победа против Макс Холовеј потврди дека моментално е недопирлив.

Тоа беше негова 12-та победа по ред во најголемата светска ММА организација.

Но, дали УФЦ ќе му ја исполни желбата на Алекс, бидејќи лесната категорија е полна со врвни борци, а нови предизвикувачи постојано се наметнуваат како Гамрот, Физиев или Царукјан.

Секако, Дастин Пориер, Мајкл Чендлер, Џастин Гејџи се на врвот во категоријата…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON