Волкановски на Твитер откако ја изгледал борбата: Победив во три рунди, навистина сум изненанден (ФОТО)

Александар Волкановски ги воодушеви фановите на УФЦ со своето деби во една категорија погоре (лесна), па според многумина, токму борецот со македонско потекло требаше да биде победник во највозбудливата борба на вечерта.

Волкановски одлично го предизвика шампионот Ислам Махачев и му зададе многу тешки удари, но тројцата судии сепак имаа едногласна одлука и победата му ја доделија на бранителот на титулата.

Популарниот Алекс спортски го прифати поразот веднаш по крајот на борбата и двајцата борци изреагираа навистина џентлменски, но откако ја изгледал борбата, Волкановски е убеден дека тој требал да заврши со подигнати раце.

Австралиецот со македонско потекло се огласи преку социјалните мрежи со кратка објава, со која воедно побара брзо да се организира реванш против истиот противник.

„Само што ја гледав борбата, дефинитивно мислам дека победив во 2-та, 3-та и 5-та рунда. Изненаден сум што не завршив со крената рака! Да режираме реванш, било каде и било кога“, порача Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON