Шампионот на УФЦ во перолесна категорија Алекс Волкановски ги сподели своите размислувања за можна борба со Ислам Махачев во февруари.
Минатиот викенд Махачев ја освои испразнетата титула во лесна категорија. Успеа да го задуши Чарлс Оливеира во Абу Даби пред Волкановски, кој беше во салата. Махачев го предизвика Волкановски, по што двајцата застанаа очи в очи. Опција за нивната борба е УФЦ настанот во февруари во Перт, Австралија.
Многу луѓе мислат дека Ислам ќе го прегази Волкановски бидејќи е премал. Сепак, Алекс се закани дека ќе го шокира Дагестанецот.
„Се чувствувам како да ме потценува бидејќи сум мал борец во перолесна категорија. Како да се справам со неговата моќ?
Но, тој ќе биде шокиран кога ќе бидеме во кафезот. Кога ќе му задавам проблем од стој и ќе го натерам очајно и неуспешно да се нурка за соборување, тогаш ќе знае дека работите не одат како што треба.
Нема да може да ме помрдне, а ако може брзо ќе застанам на нозе. Ќе биде скршен, затоа што нема да го очекува ова од мала личност. И ти гарантирам дека можам.
Да видиме како ќе се справи со ситуацијата кога малото момче ќе го удри со тупаница по лицето. Сакам да го видам како се распаѓа кога работите не одат по негово“, изјави Волкановски за Сабмишн радио.