Волкановски лут затоа што навивачите го потценуваат: Ми велат дека сум луд што го прифатив Махачев

Иако Махачев е физички посилен, Волкановски сепак е еден од најкомплетните борци во УФЦ.

Ислам Махачев минатиот месец ја освои титулата во лесна категорија и го совлада Чарлс Оливеира во Абу Даби, а уште пред борбата се знаеше кој ќе биде следниот предизвикувач за новиот шампион. Александар Волкановски одамна го најавуваше својот напад на појасот во лесна категорија, а на почетокот на следната година на домашен терен во Перт ќе го пречека Ислам Махачев.

Иако со причина е број еден на „паунд фор паунд“ во УФЦ, се чини дека добар дел од навивачите не веруваат во Волкановски кога е во прашање лесната категорија и мечот против Махачев. Повеќето се согласуваат дека Волкановски е еден од најкомплетните борци во УФЦ, но физичките предиспозиции на Ислам многумина ги гледаат како огромен проблем. Самиот Александар зборуваше за тоа.

„Една работа за која размислувам е како луѓето мислат дека ова ќе биде голем предизвик за мене. Луѓето речиси велат дека сум луд што ја прифатив таа борба, фрустрирачки е да се гледа како луѓето размислуваат така“, рече Волкановски на својот канал на Јутјуб.

„Зошто да не се предизвикувам себеси? Секој треба секогаш да се предизвикува себеси. Зошто луѓето се сомневаат во себе и мислат дека не можат да постигнат работи кои се навистина тешка задача, но не треба да се сомневате во себе. Верувајте, ништо не е невозможно и тоа ќе ви го покажам во вториот месец“, заклучи Волкановски.

УФЦ 284 ќе се одржи на 11 февруари следната година во Перт, а секако ќе го предводат Волкановски и Махачев. Кој борец ќе биде подобар и што се ќе пресуди, ќе дознаеме на почетокот на следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON