Шампионот на УФЦ во перо категорија (до 65 кг) Александар Волкановски ги откри своите идни планови.
Во јули, „Великиот“ беше подложен на операција на лактот. Сега е на опоравување, но планира да се бори уште еднаш оваа година. Во јули Алекс ја одбрани титулата во перо категорија. Тој го нокаутира Јаир Родригез и ја забележа својата 5-та последователна одбрана на појасот.
Илја Топурија веднаш го предизвика, а Алекс не го одби. Сега се подготвува за враќање и се насочува кон Ислам Махачев, но е подготвен и за Топурија.
„Сега можам помалку да работам. Сè уште не удирам со лакт, но ќе го правам и тоа. Одржувам форма, вежбам и правам се што е потребно. Сакам да се вратам пред крајот на годината.
Сакам реванш со Ислам, но тој се натпреварува во октомври и би сакал да се борам пред тоа. Не сакам да чекам до следната година. Ако чекам, тогаш го сакам Махачев.
Не би сакал да чекам, така што, Илија продолжи да зборуваш. Ми се допаѓа. Можеби сочувствуваме со Алџамејн Стирлинг. Сигурно ќе сака реванш со Шон О’Мели.
Тоа е голема, голема борба, но тоа нема да се случи. Ако Алџамејн забележеше голема победа, можеше да го заземе местото на Илја Топурија, но тоа не се случи“, изјави Волкановски на својот канал на Јутјуб.