Волкановски: Ако Стерлинг го победи О’Мели треба да добие шанса да се бори против мене

Првакот на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски, викендов во Т-Мобиле арената во Лас Вегас ја брани титулата против Јаир Родригез.

Нивниот судир ќе го предводи големиот настан на УФЦ 290 кој ќе има многу интересни натпревари.

Брендон Морено ќе го брани појасот во мува категорија против Александре Пантоја, додека Роберт Витакер и Дрикус ду Плесис ќе се борат за предизвикувач во средна категорија.

В сабота Волкановски го чека можеби најголемиот тест во кариерата, борбата против Родригез. Многумина веруваат дека во моментов Мексиканецот е единствениот борец во дивизијата кој би можел да му се закани на Алекс.

Но, затоа Австралиецот со македонско потекло се врти кон нов можен противник, Алџамејн Стерлинг, кој го брани појасот во бантам категорија против Шон О’Мели на 20 август.

Стерлинг најави дека по тој меч ќе ја смени категоријата.

„Ако Стерлинг го победи О’Мели треба да добие шанса да се бори со мене, мислам дека дефинитивно го заслужува тоа“, рече Александар Волкановски и додаде:

„Ако го брани појасот по четврти пат, тоа е тоа. Стерлинг е голем тип и пред себе има опасен борец. Со победа сигурно ќе го заслужат тој меч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО