Волкан Оездемир: Ќе го нокаутирам Џими Манува во првата рунда

Викендов на УФЦ 214 швајцарскиот талент со турско потекло Волкан Оездемир ќе се сретне со британскиот нокаутер Џими Манува во борбата во полутешка категорија за тоа кој ќе биде прв предизвикувач за титулата.

Оездемир во интервју за БЈ Пен радио Швајцарецот излезе со многу смели предвидувања за борбата.

„Оваа битка ќе биде многу возбудлива, бидејќи и двајцата сме борци, кои сакаат да разменуваат удари. Сакаме да задаваме удари и не се криеме, обидувајќи се да заработиме повеќе поени. Значи, тоа навистина ќе биде експлозивна борба. Тоа е борба која нема да трае повеќе од една или две рунди. Ова мислам да го направам, ќе одам таму и ќе го нокаутирам Џими во првата рунда“, изјави Оездемир.

Оездемир признава дека ќе се обиде да го прати противникот на подот, ако му се укаже таква можност, а тоа и го нагласува дека секогаш крајната цел му е нокаут.

„Јас сум борец во стој. Штом ќе видам можност нема да се возадржам. Тоа е битка, нели се сеќаваш. Ако сакав кик бокс борба, ќе останев во К-1. Направив неколку борби во кикбоксот, но она што навистина ми се допаѓа е ММА. Борбата е мешана, но мојата цел е секогаш да го нокаутирам противник, без разлика дали е на подот или на нозе. Јас само ќе се обидам да го нокаутирам“, заврши Оездемир.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON