Волкан Оездемир го оправда прекарот „Нема време“: Го нокаутира Џони Вокер во првата рунда

Денес е посебен ден за УФЦ. Имено, најдобрата светска ММА промоција за прв пат го организираше настанот во Саудиска Арабија. Дaна Вајт им „испорача“ многу угледни имиња на Саудијците за настанот кој припаѓа на настаните на Фајт најт. Првично, во главната борба на вечерта требаше да ги гледаме во средна категорија непоразениот Хамзат Чимаев и елитниот Роберт Витакер, но Чимаев се повлече од борбата поради медицински причини, а на негово место дојде Икрам Алискеров.

Главниот дел од настанот го отворија Волкан „Ноу тајм“ Оездемир (19-7) и Џони Вокер (21-8, 1 НЦ). Швајцарецот со курдски корени и поранешен противник на Александар Ракиќ го имаше последниот настап во септември 2023 година кога го победи Богдан Гушков со давење од позпади, додека Бразилецот беше нокаутиран од Магомед Анкалаев, кој според многумина е најдобар предизвикувач во полутешка категорија.

Првата рунда започна со Оездемир на средината на рингот додека Вокер ги бараше своите шанси од половина дистанца. Даниел Кормиер прокоментира дека Швајцарецот треба да се обиде да ги одбрани ударите со нога кои Бразилецот лесно ги упатува кон него: „Тој е големо момче за оваа категорија, удира силно и прави штета од безбедно растојание“. После тоа Швајцарецот упати неколку силни удари кои го потресоа Бразилецот. Во вториот таков напад со крошеа го неутрализира Вокер, кој заврши на подот. Мора да признаеме дека судијата Херцог можеше и порано да реагира, бидејќи Вокер беше „затворен“ од првиот аперкат, а фаталниот удар беше на подот.

„Се работи за Вокер, момчето е лудо. Морав да бидам внимателен и да си ги барам шансите, што и го направив“, изјави Швајцарецот во интервјуто по борбата со Даниел Кормиер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON