Војна на нервите: Фјури често му се јавува на Џошуа, за да му каже дека ќе го нокаутира

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури си ветија еден на друг борба доколку успеат да ги совладат своите следни противници. Фјури треба повторно да се сретне со Дионте Вајлдер, додека Џошуа ќе има борба со Пулев. Фјури изгледа е сто отсто сигурен дека борбата меѓу двајцата боксери ќе се случи, па уште сега почна со психолошки игри.

„Знаете што прави? Ми се јавува како би се слушнале, а потоа почнува да ми говори… „Замолчи… ќе те нокаутирам“! Тоа сме Тајсон и јас. Нема омраза и едвај чекаме да се сретнеме во ринг“, изјави Џошуа.

Фјури е две години постар од Џошуа, а досега во кариерата има заработено само 30 милиони фунти, во споредба со 150 кои само од бокс ги заработи помладиот Британец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON