Силните удари на Вирџил Ортиз му обезбедија убедлива победа над Канаѓанецот Самуел Варгас. Нивната битка заврши во седмата рунда.
Средба се одржа 4 месеци подоцна од првично планираното – 28 март. Настанот беше откажан две недели пред пандемијата на коронавирусот.
Ортиз мораше да се откаже од услугите на неговиот вообичаен тренер Роберт Гарсија, бидејќи на почетокот на оваа недела беше дијагностицирано дека е заразен со коронавирус. Неговата улога ја презеде таткото на боксерот, а тоа воопшто не се одрази на младиот Ортиз.
„Воопшто не забележав, бев целосно фокусиран на мечот“, рече тој.
Уште од првата рунда Варгас беше прилично резервиран со нападите, што му овозможи на Ортиз да почне со удари од самиот почеток.
Ортиз ја заврши битката со 154 од вкупно 318, додека Варгас имаше успех 44 од 243 удари.