Македонските спортисти во Париз се добро по синоќешните терористички напади во главниот град на Франција.
Македонскиот мулти талентиран борец, Кристијан Воденски, е добро, кој учествува на престижниот турнир на НАГА во Париз во бразилско џиу џицу.
Како што вели таттко му на Кристијан, Ване Воденски, тие спиеле кога се случиле експлозиите и нападите со огнено оружје поради долгиот пат.
„Натпреварувањето ќе се одржи, но со 40 отсто помалку од пријавените натпреварувачи, поради сето она што се случи во Париз“, вели Воденски, кој објаснува дека дури утрово се информирале за громорниот чин.
И нашата репрезентативка во таеквондо, Петра Матијашевиќ, е во главниот град на Франција. Таа на својот фејсбук профил напиша дека е безбедна.
ipon.mk/В.Д.