Нуров е медитерански шампион, го освои вториот медал за Македонија на МИ (ВИДЕО)

Магомедгаџи Нуров стана медитерански шампион.

Нуров во финалето славеше против Фејзулах Актурк од Турција со 4-3.

Борбата за нашиот репрезентативец тргна лошо, бидејќи во првата рунда противникот водеше 0-3. Во втората Нуров намали на 2-3, а во последните 5 секунди ја направи клучната акција со која поведе 4-3 и го освои вториот медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран, Алжир, но сега најсјаниот – златниот.

Ова е втор златен медал од МИ на Нуров. Првиот е од Тарагона 2018 година, кога во финалетп против Симоне Јанатони славеше со 11-0.

Владимир Егоров го освои бронзениот медал.

Резултати:

97 кг
Могамедгаџи Нуров – Мохамед Саадуи (Тунис) 13-2
Могамедгаџи Нуров – Мохамед Фардј (Алжир) 10-0
Могамедгаџи Нуров – Алехандро Панкорбо (Шпанија) 10-0
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Мостафа Елдерс (Египет) 6-1
Финале
Могамедгаџи Нуров  – Фејзулах Актурк (Турција) 4-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON