Во УФЦ договорени се три борби за титулата за почетокот на следната година

Почетокот на следната година ќе биде многу возбудлив за љубителите на слободните борби, бидејќи УФЦ досега има договорено најмалку три натпревари за титулата.

Борбата за титулата во средна категорија меѓу шампионот Шон Стрикленд и вториот предизвикувач Дрикус Ду Плесис е закажана за јануари.

Александар Волкановски ќе ја брани титулата во перо категорија во февруари против Илија Топурија.

А мечот за титулата во бантам категорија е закажан за март кога шампионот Шон О’Мели ќе го брани шампионскиот појас против Марлон Вера, кој му го нанесе единствениот пораз во кариерата.

Во август 2020 година Чито го победи Шугар со прекин во последната минута од првата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON