Во Скопје: Винг чун кунг фу натпревар со сабји, стапови и еден спрема десетимна

Kun gu borba so stapovi

На 19 јуни во Скопје мајсторот за винг чун кунг фу, сифу Мирослав Тодоровски –Мирко организира натпревар во винг чун дисциплини,  кој имаат демонстративен карактер. Сепак ова е доволен предизвик да се видат натпреварите во повеќе дисциплини, односно борби со сабји, стапови, еден спрема десет противници и други.

mirko demonstracija kukg fu

Целите и задачи на натпреварување според Мирко се: да се претстави целокупноста, комплетноста, ефикасноста, како и убавината на Wing Chun Kung-Fu; презентација, омасовување и внесување на поголем квалитет во вежбањето, однсоно да се опфатат трите основни групи на учесници во натпреварувањето.

Вежбачи – напредување и мотивираност во самиот тренажен процес; стручни лица – запазување на изведбата и квалитетот на техниката со што и очувување и внесување на поголем квалитет во вежбањето за 21 век и публика – запознавање и едукација преку интересен начин на натпреварување.

 Правила и прописи

Натпреварувањето се состои од 4 рамноправни дисциплини (рунди): еднорачно Chi Sao; дворачно (вкрстено) Chi Sao; змаев стап (Chi Kwoon) и демонстрација.

За сите дисциплини се добиваат оцени (бодови). Кој има најмногу поени е победник. Секој натпреварувач мора да учестува во секоја дисциплина.

Mirko kung fu demonstracija so edna raka

Еднорачно Chi Sao

Од почетен гард во контакт се одвива слободна борба со една рака. Целта е торзото на противникот. По остварениот поен натпреварувачот се враќа во почетниот гард. Нема „чисти“ удари (без контакт со раката) и се оценуваат чисти погодоци. Како поен се смета и напустање на обележаниот простор како и несоодветна техника. Трае по 30 секунди на едната и другата рака. На крај се добиваат оцени. Обележаниот простор (платформа;ринг и сл.) изнесува 2×2 m.

Дворачно вкрстено Chi Sao

Од почетен гард со една рака во контакт се одвива слободна борба. Целта е главата, торзото и надворешните делови на надколеничата. По остварениот поен, натпреваруваќот се враќа во почетниот гард. По извикот „стоп“ натпреварувачот се враќа во почетната позиција, а по извикот „почни“ се почнува со акцијата. Поен може да биде и излегување од обележениот простор (2×2 m). Трае 1 минута (60 секунди). А по желба со повеќе противници по 30 секунди сукцесивно еден по друг. На крај се добива очена од поените, изведбата и правилноста на техниките.

 Змаев стап(Chi Kwoonдисциплина)

На обележан простор (3×3 m) и од почетен гард се одвива слободна борба. Целта се главата, торзото и нозете. По остварениот поен и на знак „стоп“, натпреварувачот се враќа во почетниот гард. А на знакот ПОЧНИ се продолжува со акцијата. Излегувањето од обележаниот простор се казнува со губење на поен. Трае 1 минута (60 секунди) и на крај се добива оцена од поените, изведбата и правилноста на техниките.

mirko napad so sabja

Демонстрација

Натпреварувачот одбита техники и начин на изведување на истите исклучиво од елементите на Wing Chun (самоодбрана од еден или повеќе напаѓачи; со оружје или без оружје; форми или слободна кореографија). Трае 1 минута (60 секунди) и се добива соодветна оцена при сто се цени начинот, креацијата и квалитетот на изведбата.

За сите дисциплини се користи соодветна опрема. Предлагам за повисоките степени следниве дисциплини: пеперутка сабји – пеперутка сабји; пеперутка сабји – змаев стап; пеперутка сабји – нунчаку (So Jie); троделен стап – змаев стап; еден натпреварувач – десет натпреварувачи (по 30 секунди).

https://youtu.be/dl5FJ7dPdXE

Ipon.mk/В. Д.

 

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON