АктуелноБорењеДомашна сцена
Во Скопје почнува Балканското првенство во борење

Денес во Скопје почнува Балканското првенство во борење на кое ќе настапат 515 борачи од 10 држави.
Пријавени учесници по возрасни категории:
У-15 пионери – 234
У-17 кадети – 163
У-20 јуниори – 118
На Балканското учествуваат Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија и Романија.
Делегат на натпреварот е Димитар Чифудов-Бугарија.



