Во Штип пристигна боксерската репрезентација на Србија со шест боксери и двајца тренери, како дел од заедничките подготовки со македонската репрезентација за „Златниот гонг“.
Репрезентациите ќе работат по планот и програмата утврени од двајцата селектори, притоа се предвидени и спаринзи до 8 ноември.
Српската репрезентација на „Гонгот“ ќе настапи со 11 боксери. По завршувањето на Златниот гонг двете селекции ќе отаптуваат на Златибор на подготовки за Златната ракавица во Белград на 24 и 25 ноември.
Веќе неколку дена бокс репрезентацијата на Македонија е на подоготовки во Штип, а прозивката на селекторот Петре Чурлиновски од 9 босери шестмина се одѕваа и тоа: Алим Насуфи, Лулзим Исмаили, Артан Алиу, Јасин Лама, Исак Ибраимов, Гоце Јанески и Алмир Нуришов. На селекторот Чурлиновски му помага тренерот Фатон Салиху.
Гоце Јанески е на поштеда за да ја санира задобиената повреда во 10.коло на Регионалната боксерска лига.
Подоготовките се одржуваат во салата на БК Баргала и се состојат од три тренинзи дневно. Првиот тренинг е на стадионот на ФК Брегалница, а вториот од 12 часот е за техничко-тактичко усовршување на елемнти со секој боксер поединечно, додека тетиот е од 18 часот, кој е и главен.
На 3 и 4 ноември репрезентативците ќе учествуваат и на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина.
Ipon.mk/В.Д.