Во сабота во Кочани ќе се одржи одржи традиционалниот 22.Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“.
Турнирот ќе се одржи во спортката сала „Сашо Лазарев – Чапо со почеток во 11 часот.
На турнирот учествуваат момчиња и девојчиња:
– момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории,
– момчиња во категоријата 2006-2008 во две категории и
– девојчиња во категорија 2010-2012 во две категории.
Учество на турнирот имат најавено екипите на Балканец, Бучим, Бучим шампион (Конче), Киро Ристов (Таринци), Лирија, Карбинци, Борец, 7 Мај, Вардар, а се очекува настап и на натпреварувачи од Грција и Бугарија.