Во сабота ќе се одржи првото Државно таеквондо ИТФ првенство во Охрид

Неодамна Агенцијата за млади и спорт (АМС) ѝ додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.

Првенството ќе го организира клубот „Мастер” од Охрид, како најстар клуб.

Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и спаринг во категориите: деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција.

Котизацијата е 1.000 денари по натпреварувач, а рокот за пријавување е до 9-ти март до 24:00 часот.

Натпреварите ќе се одржуваат во спортскиот центар „Билјанини извори“ во малата сала, а свеченото отворање ќе биде од 12:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON